• Сподели на:

Дознајте зошто сте биле изневерени!

___

Погледнете ги психолошките причини кои се одговорни за неверството:

Не го сакате повеќе

Доколку го изневерите партнерот, тоа не мора секогаш да значи дека не го сакате повеќе, но најчесто е така. Зошто би изневериле некого со имате прекрасен однос и одличен секс? Најверојатно ова е причината.

Сексот со него ви е прочитана книга

Сте имале секс по два пати на ден, а сега само 2 пати неделно. Причината за тоа сте сигурно вие, сексот со партнерот не ве возбудува повеќе. Затоа ги задоволувате вашите страсти во друг кревет.

Врската ви станала навика или рутина

Ако станувате наутро и автоматски посегнувате по телефонот за да го слушнете вашиот партнер, голема е веројатноста тоа да го правите од навика. Можеби ова значи дека го сакате премногу, но најверојатно и не е баш така кога сте одлучиле да го изневерите.

Ви треба нов предизвик во животот

Веќе подолго време не ви се случува ништо интересно, па затоа сте одлучиле да водите двоен живот. Не чувствувајте грижа на совест, тоа е нормална појава која може да ја спречите на друг начин наместо со изневерување.

Ви недостига љубов и нежност

Можеби вашиот партнер е виновен за вашето изневерување. Луѓето во долга врска најчесто забораваат дека треба секојдневно да го освојуваат и заведуваат својот партнер. Ви недостига љубов и нежност кои сте ги добиле од друг.

Се заљубивте

Во врска сте, но излегувате со друга личност која не може да ви излезе од глава. Можеби сте заљубени?! Постојано се сретнувате со неа скришно и се двоумите дали да ја прекинете долгогодишната врска. Нема ништо лошо во тоа што сте заљубени, но на две столчиња не се седи. Бидете внимателни да не паднете.


Оставете коментар

___