• Сподели на:

Дознајте зошто мажите не знаат да се караат

___

Додека жените се шампиони во караници, мажите повеќе сакаат да премолчат и да почекаат додека не стивне ситуацијата… Сите жени кои биле во долга врска веројатно го знаат ова.

Поголем дел од мажите имаат малку поинаков пристап кон карањето. Тие често се затвораат во себе, што за жените може да биде навистина фрустрирачки. Но, се чини за ова постојат интересни објаснувања, поврзани со лутината, фрустрациите и низа емоции кои мажите наместо да ги искажат, ги чуваат во себе.

Ако ова се случува и со вашиот партнер, не сте единствените. Факт е дека конфликтот се ваквите мажите не е воопшто лесен, бидејќи само „вашите карти“ се на масата. А поради тоа, треба да сфатите што се случува во машкиот мозок и како да пристапите во време на кавга.

Не знаат како да ги изразат своите емоции

Прво, секогаш треба имате на ум дека мажите не се како жените, т.е. тие најчесто немаат волја да се расправаат и да се караат. Жените од друга страна понекогаш не знаат за доста. Мажите воедно потешко ги изразуваат своите емоции, и не се толку чувствителни за некои нешта како што се жените. И кога сево ова ќе се собере, добивате типичен маж, кој се повлекува во себе кога кавгата ќе стане премногу драматична или предолга.

Затоа, секогаш обидувајте да бидете што пократки и да го кажете она што е најважно. Тоа ќе има многу поголем ефект од долгите и исцрпни кавги во кои имате чувство дека се карате сами со себе или со ѕидот.

Време за размислување

Тоа што мажите не размислуваат и не реагираат на ист начин како жените, не значи дека не може да се разбереме, туку дека едноставно се различни.

На пример, во некои случаи за време на кавга, или пак кога се расправате за некоја важна работа, потребно е да му дадете на партнерот “time-out” за да размисли што всушност се случува. Се разбира, во екот на кавгата за вас ова може да биде помалку фрустрирачки, но ако навистина му дадете малку време, тој подобро ќе ги процени нештата кои вие ги кажувате, а вие малку ќе оладите, што може да резултира со позитивен исход.

Психички ефект

Веќе споменавме дека жените се „шампиони“ во карање, а мажите не се ни близу до тоа. Но, она што е интересно е тоа што иако ние сме поемотивни,  кавгите имаат многу поголем психички ефект врз мажите. Ним веројатно многу побргу „ќе им се дигне притисокот“, а истовремено и побргу доаѓаат до моментот кога се повлекуваат во себе.

Во тој случај, направете сè што можете за да ја смирите топката и без притоа да приредувате преголема драма. Кавгата нека биде едноставна праведна борба.

 

Чувство на вина

Ако вашиот партнер се почувствува нападнат, особено ако истовремено се чувствува и крив за нешто, многу е можно да се повлече во себе. Истото важи и ако почувствува дека неговите аргументи не се прифатени од ваша страна.

Начинот да го избегнете тоа, повторно лежи во смирениот пристап, при што ќе му дозволите да каже што мисли, сослушајте го и дадете му до знаење дека сте чуле што ви зборува, а дури потоа кажете го своето мислење. Имено, тоа е многу подобар  начин одошто тој да се повлече во себе во средина на разговорот.

Повредени и навредени

Многупати мажите се затвораат во себе бидејќи егото им е повредено или не сакаат да бидат уште повеќе повредени. Иако не ги покажуваат своите чувства како што тоа го прават жените, не значи дека ги немаат, туку напротив некои мажи се уште поемотивни од жените. Освен егото, на мажите важна им е и почитта. Имено, кога во текот на кавгата користите зборови кои можат да ги навредат ( а понекогаш едноставно не можете да се воздржите), големи се можностите да се повлечат во себе. Обидете се во кавгата да не користите погрдни зборови и фрази, или пак споредби.

Ве заштитува

Верувале или не, мажите знаат да се повлечат во себе понекогаш само за да ве заштитат. Како што веќе прочитавте, тие многу побргу ја достигнуваат точката на „издржливост“ во кавгата, што може да ескалира до „забранетата точка“, па потоа се повлекуваат во себе. Имено, тоа на некој начин е одбранбен механизам со кој си овозможуваат да се смират. Ако доволно го знаете вашиот партнер, сигурно знаете да препознаете кога дошла точката која ги преминува границите. Немојте да дозволите кавгата да прерасне во нешто поголемо – смирените глави размислуваат подобро од возбудените.

 


Оставете коментар

___