• Сподели на:

Дали Тој е твојата сродна душа?

___

Како да ја пронајдете сродната душа е прашањето на многумина. Велат дека сродната душа не се препознава, туку се чувствува. Еве неколку знакови дека тој е љубовта на твојот живот.

За сите оние кој не чувствуваат дека нивниот љубовен партнер им е сродна душа, треба да се запрашате дали тоа што го имате е љубов или компромис? Не треба да рассудувате за оваа важна работа на основа на еден или два факти. Треба добро да размислите и поминете разни животни ситуации. Најлошо е што се може да се случи е дека таа личност сте ја прецениле или дека таа постои само во вашата глава.

Хемија која не исчезнува!

Сродна душа, мал збор, а огромно значење. Уште од мали мечтаеме за принцот на бел коњ и сонуваме за среќен живот. Не обрнуваме внимание на многу пропратни работи колку  на тоа дали тој е човекот на нашите соништа. Иако можеби сте слушнале дека привлечноста е минлива, тоа никако не е вистина доколку сте со личноста која ве привлекува, а ве спојува страста која гори кога и да се видите.

Си кажувате еден на друг работи кои на никој не ги откривате

Нема поголемо задоволство од тоа да пронајдеш пријател во личноста која ја сакаш. Тој ќе ги знае сите твои тајни, а ти секогаш во него ќе ја гледаш раката на спасот.

Лесно ги решавате проблемите и си опростувате еден на друг

Вистинска љубов е кога не можете да останете лути подолго од 5 минути. Дури и кога постојат несогласувања лесно се решаваат.

Знаете кои ви се меѓусебните слабости

Иако тој можеби е единствената личност која ја знае твојата Ахилова пета, ти не чувствуваш слабост и не си ранлива. Тоа е вистинска љубов.

Те разбира

Во секој момент тој го разбира секој твој потег, насмевка, гестикулација и допир. Чувствува кога нешто не ти е по волја и ти нуди безрезервна љубов.

Секогаш може да те насмее

Секогаш наоѓа начин да те орасположи. Без разлика колку денот е лош, тој се прави да ти биде подобар.

Те подржува безусловно

Ги подржува твоите желби и амбиции. Не ти го попречува патот до успехот, затоа што знае дека тоа е твој успех и негов.

Не ја гледаш иднината без него

Планирате заеднички живот и се радувате на тоа. Го поминувате секој ден со надеж дека секој нов ден ќе биде подобар.


Оставете коментар

___