• Сподели на:

Дали сте мајка, љубовница, сопруга….?

___

Во секоја жена се кријат божици на основа на 7 архетипски начини на однесување…

Џин Шинода Болен, професорка на Универзитетот во Калифорнија, авторка на светскиот бестселен “Божиците во секоја жена“. Како една од следбениците на Карла Густаво Џунгла (која во психологијата го внесе терминот ’архетип’, односно следбеник на инстинктивното однесување на луѓето), ги анализираше митовите и старогрчките божици, односно сликата за жените кои постојат во нашата потсвест подолго од 3000 години.

На тој начин дојде до седум основни архетипски образци на однесување на жената. Кога ќе ги согледаме, ќе можеме да одлучиме која божица во нас ќе ја истакнеме и на која ќе и дадеме предност.

До тогаш една или понекогаш и повеќе, владеат со животот на секоја жена, во зависност од периодот во кој се наоѓате, влијаат позитивни и негативни карактеристики кои се изразуваат во вашите ставови и однесување.

Архетиповите ќе ви помогнат да дознаете дали сте сестра, ќерка на тато или мама, сопруга, мудра жена, љубовница или мајка и да се ослободите од некои негативности во однесувањето и станете посреќна и подобра како за себе така и за другите. Освен тоа, седум божици или поточно архетипски претставувања, Болен ги подели во три групи: девица, ранлива или алхемичарка.

Архетип Девица   

Овде спаѓаат Артемида, Атина и Хестија, кои во грчката митологија биле девици. Но, тоа не значи дека божици девици “машка рака ги нема допрено“, туку дека им е најбитен емотивниот однос. Овие три божици се персонализираат со женските потреби за самостојност, остварување на животната мисија. Жените во кои доминираат овие божици ги исполнуваат мажите и работат на себе. Артемида персонифицира независен женски дух фокусиран на достигнувања, Атина е разумна, самостојна жена, а Хестуха е трепелива и недопирлива жена која задоволство наоѓа во осаменоста.

Артемида, божица на парите и Месечината, архетип сестра: Жена во која владее Артемида, може да се грижи за себе, сака предизвици, активна е и го претставува женскиот слободен дух. Брак и деца не и се потребни ако нема активни архетипови од Хере и Деметре. За неа најголема вредност е слободата, па не дозволува да биде попречена.

Недостатокот на емотивна блискост ја компензира со блиските пријателски односи и со блискиот однос со сестрите. Артемида се бори против насилство над жените и за правата на обесправените и загрозените. Во целост се насочени кон целите, а особено доколку имаат конкуренција. Таа е суштество од дивината и силно е поврзана со природата.

Кои се нејзините слабости? Доколку нема услови да се реализира, може да стане фруструрана и депресивна или кога целосно се насочи кон повисоки цели може да ги заборави луѓето околу себе и да им нанесе болка.

Поради силните страсти да постигне правда знае да се претвори во суров и немилосрден борец. Потребно е преку сопстената болка да научи да биде ранлива. Најлош аспек на нејзиниот карактер е тој што е емотивно недостапна, а умее да биде и немилосрдна. Треба да развие чувство на сочувстување и да научи да им прости на другите и да си прости на себе. Тогаш ќе увиде дека и нејзе и е потребна блискоста колку што и е потреба и независноста.

Атина, божица на мудроста, архетип ќерка на тато: Ќе ја препознаете во јаките бизнис жени, нема потреба од емотивна врска со мажите, но сака професионално да се докажува во машкиот свет и да чекори рамо до рамо со нив. Вешта е и мудра. Дури и кога не е шеф, на сите социјални полиња покажува дека умее стратешки да размислува и да се фокусира на работата.

Самоуверена е и строга, со неа не владее срцето туку разумот, па како таква ги плаши машките. Во односот со нив тежнее кон партнерство, рамноправност. А, бидејќи е татина мезимица, привлекува моќни и успешни мажи кои одговараат на архетипот патријархален татко, шеф, лидер.

Слабости? Претставена е во оклоп кој ја симболизира нејзината сила, но и ригидност. Не ја допираат туѓите проблеми. Меѓутоа, доколку не научи да биде отворена со другите луѓе, тој оклоп станува нејзин затвор, а таа осамена. Да ја искаже својата женствена страна битно е да се солидаризира со останатите жени и да почне да покажува сочувство кон слабите или кон луѓето кои се придржуваат кон други вредности. Тогаш може да ја разбере својата мајка но и другите жени, што и помага да стане опуштена, спонтана и спремна да признае дека и нејзи и требаат прегратки и утеха.

Хестија, богиња на огнот, архетип на мудра жена, тетка: Ова божица го претставува духот на принципот кај секоја жена. И таа е свртена кон внатрешниот живот и ја бара смислата на животот. Ненаметлива е, мирна, доволна сама на себе. Склона е кон медитација и ритуални активности кои ја прават спокојна.

Станува збор за осамена жена која мирот го пронаоѓа во својот дом. Луѓето го сакаат нејзиното друштво, бидејќи нејзиниот дом е совршено среден и топол. Сепак, жената водена од овој архтип често се повлекува во себе и кога е емотивно повредена, па се случува да стане странец во сопствениот дом.

Доколку го изгуби емоционалната сигурност во својот дом, таа се свртува во пронаоѓање на сопственото јас. Тогаш е битно да работи на самодовербата, така што во себе активни архтипови се Атина или Артемида. На ова жена сексуалноста и е најбитна. Таа привлекува традиционални мажи кои сакаат тивка и грижлива жена.

Слабости? Ако во архетипот Хестија е потенциран фокусот на својата внатрешност тогаш го губи односот со реалниот живот и станува осамена и неупотреблива за секојдневно функционирање.

Архетип Ранлив

Во ранлив архетип влегува Хера, Деметра и Персефона и претставува архетип на три доминантни женски улоги: сопруга, мајка и ќерка. Нивниот идентитет зависи од врската која е воспоставена со животот. Ранливи се бидејќи се свртени кон другите и тежнеат кон блискост.

Хера, божица на бракот, архетип сопруга: Најголемото задовоство го пронаоѓа во емотивниот однос со мажите, но откако тој однос ќе се заврши со брак. Жената во која Хера владее не може едноставно само да се омажи, туку сака да се омажи со некој покрај кој ќе може да го добие статусот кој го заслужува. Ја привлекуваат грижливи и способни мажи. Маж кој дава предноста, дури и пред сопствените деца, а денот на венчавката го смета за најважен во нејзиниот живот. Го сака долгиот и стабилен однос со партнерот. Поради тоа митовите за неа и Зевс се исполнети со страст, но и со конфилкти и љубомора.

Слабост? Доколку е несигурна во себе покажува силна љубомора и посесивност. Не знае да се посвети на ништо друго освен на односот со партнерот. Кога не е задоволна со нејзината потреба да биде ’нечија жена’ станува апатична бидејќи како немажена се чувстува неисполнета и неуспешна. Доколку се фокусира кон работата, и ја активира Атина, може да ги ублажи негативните последици од овој архетип. Доколку не е здружена со Демета, жена лидер Хера нема изразен мајчински капацитет, бидејќи целата енергија ја внесува во зачувување на односот со партнерот. Негативната страна на Хера е највидлива доколку е отфрлена од брачниот партнер. Доколку мажот ја изневери, нејзината лутина ја насочува кон конкуренцијата. Среќата на Хера зависи од тоа колку е нејзиниот маж посветен, колку му е важен бракот и колку ја цени како сопруга. Дури и после развод таа мора да се однесува како легитимна сопруга. Односот со жените не и се особено важни, па постои опасност после излегувањето од емотивна врска да стане најосаменото и најдепресивното суштество.

Деметра, божицА на житото, архетип мајка: Ова божица во жените ја буди желбата за мајчинство и грижата за потомство. Иако не е единствена божица која има деца, Деметра е божица за која однос со ќерката Персефон претставува најважно од се. Девојките водени од овој архетип се оние кои први во дриштвото ќе почувствуваат мајчински инстинкт, кои први ќе добијат дете, која копнее додека гледа деца или бремени жени на улица. Но, они се грижат и за останатите, прекрасна домаќинка, нејзиниот дом е секогаш отворен за пријателите. Подготвена е секому да пружи помош, па многу често се занимава со професија во која ќе може да се изрази. Таа е учителка во градинка и педијатар.

Слабости? Поради потребата за доминација и потребата да се грижи, наметнува однос на заштитник и жртва, што претставува проблем доколку на тој начин постапува со возрасни лица. Може да биде широкограда но и деструктивна мајка која децата сака да ги контролира па дури и кога ќе пораснат и кога ќе сакаат да го напуштат домот. И во односот со мажите многу често ја превземаат улогата на мајка. Да не биде депресивна и пасивно агресивн,што е многу чест случај потребно е совесно да се откаже од контролата, да ја поттикне независноста кај своите деца и да ги развие сопствените интереси преку кои ќе биде исполнета.

Персефона, госпоѓица на подземјето, архетип ќерка на мама: Таа е засекогаш девојче. Митот за Персефона, која небрижно заврши во подземното царство како жена на Хад и кралица на подземјето, ја прикажува лекомислената женска страна. Жената е водена со овој архетип секој пат кога ќе проба нешто ново, кога не може да одлучи, кога се што е туѓо и изгледа послатко. Жената е Персефона и кога ужива во машкото заведување. Ги прифаќа луѓето такви какви што се и не ги осудува се додек и се интересни.

Доколку го заврши школувањето и успее да се одлучи за само една професија, може да биде одличен педагог и советник, а и одговараат и креативни работи кои не бараат полно работно време.

Слабости? Нејзиниот основен проблем е неподготвеноста да порасне, преголемата блискост со мајка и, како и тоа што во односност е мажите несвесно се прилагодува на што го тие го сакаат и на тоа каква тие сакаат таа да биде. Бидејќи е отворена за нови искуства и на промени, Персофина е добро да се негува како симбол на младоста кај жените, но важно е да биде и разговорлива. Променливоста и нетрпението се негативни карактеристики на овој архетип.

Архетип Алхемичар

Во третата категорија е само Афродита, богињата на љубовта и лепотата, најпривлечна од сите. Имала многу љубовни врски и деца. Влегувала во врска по свој избор и никогаш не била жртва. На тој начин ја зачувала независноста, исто како божиците девици, но и остварила значајни емотивни односи со ранливите божици. Архетип Афордита ги мотивира жените да ја вреднуваат креативноста и да бидат отворени за промени.

Афродита, божица на љубовта и лепотата, архетип љубовница: Всушност на нејзината магија, која не е поврзана само со физичката убави, е тешко да и се одолее. Моќна е поради способноста да им се посвети на луѓето и да направи да се чувстуваат посебни, но и силниот карактер. Жената со која владее Афродита сака да биде сакана, но не мора да биде во емотивна врска или брак. Ужива во пријателствата и во сите видови на односи, но без обврски и услови. Жената кај која доминира овој архетип е заводлива, дама, привлекува мажи и ужива кога тие се вљубени во неа. Често посакуваат да имаат деца, но поради повеќе поради љубовта која ја чувстуваат кон машот отколку поради мајчинксиот инстинкт. Ги привлекува мажите, но често не е среќна во љубовта бидејќи ја привлекуваат оние кои не се добри кон неа. Лесно се вљубува и за секој маж мисли дека тој е вистинскиот, се додека трае фазата на заљубеност.

Слабости? Отворена е за нешто ново и убаво, па често не размислува на последиците. Самобендисаноста во случајот на Афродите често може да отиде кон нарцисоидност, а вљубеноста во патолошка опсесија кон саканата личност. Жената Афродита треба да научи својата волја за живот не може да ја задоволи без почитување на другите, а лицата кои и значат во живот треба да ги негува како сопствените соништа, амбиции и креативност.


Оставете коментар

___