• Сподели на:

Дали повторно ќе ве изневери?!

___

Дали може, во една романтична врска, минатото да се заборави во целост и да се изгради нова иднина? Доколку вашиот партнер ве изневерил, дали може повторно да ве изневери?

Изневерувањата во партнерските односи не се само тема на бескрајните женски разговори, туку и кај озбилните научни истражувања. Најновото истражување беше претставено за време на најголемиот симпозиум на американското здружение на психолози  одржан во периодот од 7 до 10ти август во Вашингтон.

ВО студијата се опфатени 484 невенчани парови со возраст од 18 до 34 години, при што се покажало дека партнерите кои изневеруваат се склони кон изневерување три до четири пати повеќе во однос на оние кои се верни на своите партнери.

Меѓутоа, ова непријатна статистика има и друга страна: и жрвите на изневерување стануваат “склони“ на својот избор, па често им се случува и новите партнери ги изневеруваат.

Минатото во една врска се покажува особено моќна алатка за предвидување на иднината. Паровите кои често се расправаат и викаат еден на друг, го продолжуваат ова однесување и понатаму, така што многу често се случува и во следната врска да доживеат нешто слично.

Всушност, треба да учиме од своите претходни искуства и грешки особено кога станува збор за љубовта.


Оставете коментар

___