Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____совети за врска

Да му пишам СМС или не?

За да не оставите впечаток дека сте незинтересирана, или пренападна…

1. Само што ви испратил СМС и тоа неколку саати откако вие него сте му пратиле СМС.

Да!

Тоа што веднаш не ви одговорил на пораката не значи дека не му се допѓате. Можеби едноставно бил зафатен и немал време за допишување. Немојте да му одговорите во истата секунда, почекајте некој саат и видете во која насока ќе се одвива допишувањето.

2. Ви одговара на пораката следниот ден.

Не!

Освен ако тоа се случило еднаш и ако имал некој навистина сериозен проблем поради кој не можел да се јави. Но, ако ваквото однесување е често, веројатно само одржува привидна заинтересираност во случај да му притребате. Допишувајте се исклучиво ако ви одговара да имате парнер само понекогаш.

3. Ви одговара на прашањето, но не возвраќа со прашање.

Не!

Дечкото кој е вистински заинтересиран за вас ќе сака да дознае сѐ за вас, така што ваквите одговори упатуваат на тоа дека мислите му се на некое друго место. Ако сака нешто повеќе со вас, не се секирајте, ќе се јави.

4. Ви испраќа порака откако сте го побарале.

Да!

Не го отпишувајте само затоа што не ви кренал. Одговорете му слободно на пораката и дајте му до знаење дека би сакале да разговарате со него.

 

Advertisement
Advertisement

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...