Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____совети за врска

Четири тајни за совршен брак

Што прават луѓето за да имаат среќен брак? Иако, за да имате среќен брак не мора да вложувате премногу напор.
Имајте разбирање кон потребите на партнерот.
Главната причина за проблеми во бракот не се неусогласувањата, проблемите во комуникацијата или пак сексуалната неусогласеност.
27990_divorcing_300x0
Главната причина за фрустрација претставува секојдневниот умор од јазот помеѓу она што очекувате и начинот на кој вашиот партнер се однесува.
Тоа всушност нанесува најмногу штета. Како да го пребродите овој проблем е да си кажете што очекувате еден од друг. Можеби сакате поголемо внимание од негова страна, а тој повеќе слободно време. Овој разговор најдобро би било доколку го имате еднаш во годината бидејќи новите животни ситуации може да креираат нови очекувања.
Покажете му ја својата љубов.
Секој маж кој од својата сопруга преку зборови и гестови добива претстава за нејзината љубов, почит и приврзаност, себеси се опишува како среќно оженет маж. 
Жените константно добиваат комплименти од пријателите и од непознати лица поврзани со својот изглед, додека мажите ретко добиваат вакви комплименти. Затоа мажите очекуваат ваков тип на внимание од својата сопруга.
Одвојте најмалку 10 минути дневно за разговор.
Се препорачува еднаш  во неделата да излезете сами, но понекогаш ви се сосема доволни и неколку минути.
Одвојте 10 минути дневно за разговор на која било тема – со исклучок на темите поврзани со вашите деца, обврски и работа.
37179_shutterstock_113881678_300x0
Фокусирајте се на позитивни работи
Голем дел од брачните парови мислат дека врската помеѓу нив ќе се подобри доколку се фокусираат на решавање на проблемите, но тоа воопшто не е точно. Најдобро би било да ја поттикнете страста и да ја задржите заинтересираноста помеѓу вас, на тој начин што ќе се фокусирате на позитивните аспекти од вашиот брак.
Таа позитивна енергија ќе направи да се чувствувате добро и ќе ве мотивира да продолжите да се движите во тој правец.
Тоа не значи дека не треба да разговарате за работи кои се негативни, туку само да бидете умерено насочени кон нив.  Колку повеќе ја цените љубовта и задоволството што си го давате еден на друг толку поубав и посреќен ќе ви биде бракот.

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...