Што прават луѓето за да имаат среќен брак? Иако, за да имате среќен брак не мора да вложувате премногу напор.
Имајте разбирање кон потребите на партнерот.
Главната причина за проблеми во бракот не се неусогласувањата, проблемите во комуникацијата или пак сексуалната неусогласеност.
Главната причина за фрустрација претставува секојдневниот умор од јазот помеѓу она што очекувате и начинот на кој вашиот партнер се однесува.
Тоа всушност нанесува најмногу штета. Како да го пребродите овој проблем е да си кажете што очекувате еден од друг. Можеби сакате поголемо внимание од негова страна, а тој повеќе слободно време. Овој разговор најдобро би било доколку го имате еднаш во годината бидејќи новите животни ситуации може да креираат нови очекувања.
Покажете му ја својата љубов.
Секој маж кој од својата сопруга преку зборови и гестови добива претстава за нејзината љубов, почит и приврзаност, себеси се опишува како среќно оженет маж.
Жените константно добиваат комплименти од пријателите и од непознати лица поврзани со својот изглед, додека мажите ретко добиваат вакви комплименти. Затоа мажите очекуваат ваков тип на внимание од својата сопруга.
Одвојте најмалку 10 минути дневно за разговор.
Се препорачува еднаш во неделата да излезете сами, но понекогаш ви се сосема доволни и неколку минути.
Одвојте 10 минути дневно за разговор на која било тема – со исклучок на темите поврзани со вашите деца, обврски и работа.
Фокусирајте се на позитивни работи
Голем дел од брачните парови мислат дека врската помеѓу нив ќе се подобри доколку се фокусираат на решавање на проблемите, но тоа воопшто не е точно. Најдобро би било да ја поттикнете страста и да ја задржите заинтересираноста помеѓу вас, на тој начин што ќе се фокусирате на позитивните аспекти од вашиот брак.
Таа позитивна енергија ќе направи да се чувствувате добро и ќе ве мотивира да продолжите да се движите во тој правец.
Тоа не значи дека не треба да разговарате за работи кои се негативни, туку само да бидете умерено насочени кон нив. Колку повеќе ја цените љубовта и задоволството што си го давате еден на друг толку поубав и посреќен ќе ви биде бракот.

You must be logged in to post a comment Login