Се кажува дека бакнежот од саканта личност може да го продолжи животот за неколку години. Дали е тоа вистина или не, и онака не е важно, бидејќи вредноста на бакнежите и без тоа ни е голема. Луѓето сакаат да се бакнуваат, а сега знаеме дека и тоа што ја храни душата, го храни и здравјето.
Група германски научници дошле до заклучок дека секој кој насабајле пред да оди на работа го бакнува партнерот, живее и до пет години подолго. Исто така имаат поголема плата, помалку отсуствуваат од работа и имаат помалку сообраќајни несреќи.
Бакнувајте се и губите калории
Не е баш ефикасно како одење во теретана, но сепак помага. Според некои истражувања, бакнеж кој трае минута согорува 26 калории. Цел сет од мускули се активира при бакнувањето и само неколку минути на ден е доволно да имаме подобрар изглед на лицето, челото и вратот. Со бакнежот се разменуваат и бројни природни антибиотици но и микроорганизми кои го потикнуваат метаболизмот.
Нема стрес и болка додека трае бакнежот
Хормоните кои се лачат за време на бакнувањето со саканата личност, допамин и ендорфин, ја намалуваат осетливоста на болка. Ако ве мачи главоболка, наместо таблети, бакнете го партнерот. Исто така се ослободува и окситоцин кој ја зајакнува врската меѓу личностите и го смирува механизмот кој води до стрес. Исто така делува добро и на имунолошкиот систем.
Здрави заби
Бакнежот ги штити и вашите заби. Поради зголеменото лачење на плунка за време на бакнежот, се острануваат остатоците од храна и бактериите кои предизвикуваат кариес

You must be logged in to post a comment Login