Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____совети за врска

Ако мислите дека вака ќе привлечете маж, се лажете

Дури и да сте најинтелигентната и најубава жена  која некогаш некој ја запознал, постојат работи кои можат да го одбијат вашиот потенцијален партнер. Дознајте што не е пожелно да правите.

Непристојност –  Доколку сте учтиви и имате добри манири, немојте да ги менувате само за да можете некого да импресионирате. Бидете тоа што сте.

Зависност – Разбираме дека кога сте зањубени сакате да ја поминете секоја слободна секунда со партнерот, но тоа не е добро. Сетете се што направила фамилијата и пријателите за вас и немојте да ги исклучувате од својот живот само поради еден маж. Можете да ги повредите.

Правете се дека сте заинтересирани – Ако глумите дека вас ве интересира она што всушност не ве интересира, многу лесно може да се случи вашиот партнер да ве фати во лага. На пример, ако изјавите дека сакате фудбал, може да се случи да ве праша нешто повеќе за омилениот клуб. Никој не вели дека сите ваши хобија треба да бидат исти.

Инфериорност – Ако вашиот партнер е премногу гласен, немојте да се двоумите да го искажете своето мислење или да го повлекувате во себе. Наместо тоа, потребно е да се прилагоди спрема вас.

Преправање – Немојте да пробувате да оставите лажен впечаток за себе, бидејки ако се случи да се допаднете на вашиот партнер, тоа нема да бидете вие. Дури и ако не му се допаднете такви какви што се, секако подоцна ќе ве напушти, кога ќе го открие вашето право лице.

Псовки – Никогаш не е пријатно да се слушне жена како псуе. Не е потребно псуење да покажете дека сте кул. Секогаш може да се случи со тоа да го одбиете мажот од себе.

Оскудна облека – На секој му е познато дека девојките во мини фустани добиваат поголемо внимание. Но ако дојдете на состанок оскудно облечени, може да се случи мажот да помисли дека сте лесна жена. Ова исто така нема да помогне да го најдете човекот од вашите сништа – не е само убаво тело она што ја одржува врската. Немојте ни да дозволите некој да ја примети вашата долна облека, или пак уште полошо, нејзин недостаток. Во спротивно, ќе се каете подоцна.

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...