Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____совети за врска

8 топ причини зошто љубомората може да биде добра за врската или бракот

Во мала количина љубомората може позитивно да делува на љубовниот живот, покажува дека сѐуште партнерот ви е важен, а и ќе ве мотивира да го смените она со кое не сте задоволни.

Ја зајакнува врската

Љубомората може да биде корисна за врската се додека не се претвори во манипулација или агресија. Со нејзина помош на партнерот му покажуваме дека сѐуште ни е важен. Понекогаш на паровите им е потребен тој дополнителен поттик кој ќе ги потсети колку си значат еден со друг, но без претерување.

Го открива вистинското лице

Ова зелено чудовиште може да ја зајакне врската и да ги зближи уште повеќе партнерите, но само ако за неа се разговара. Таа го открива вистинското лице на партнерот и многу зборува за неговата самоконтрола, но и за тоа колку ја почитува својата поубава половина. Треба да се искористи на позитивен начин, па наместо да му давате примедби за погледите кои тој ги добива од други девојки, искористете го тоа за поттикнување на страста. Дајте му до знаење дека љубомората  направила да видите што всушност имате покрај себе. Насобраната љубомора пак создава пасивна агресија.

Ги разгорува страстите

Љубомората може вистински да ја активира страста бидејќи прави партнерите да се гледаат на поинаков начин. Ако се доведете во ситуација врската да ви премине во рутина ќе заборавите што ве привлекло кај партнерот. На тоа најлесно ќе ве потсети флертот или завидливиот поглед на другите.

Ве тера да се активирате

Љубомората може да биде одличен показател дека не сте среќни сами со себе и претставува добра мотивација за истото да го промените. Така на пример жената може да биде љубоморна на колешката на својот партнер и тој страв да го искористи и самата да поработи на она што не и се допаѓа.

Поттикнува промени

Долгите врски даваат сигурност поради која партнерите стануваат многу опуштени и сѐ земаат  “здраво за готово”. Повременото покажување на љубомора ќе ја поттикне самодовербата кај партнерот и со тоа ќе му покажете дека и после толку години заедно, сепак ви е важен. Таа делува како своевидна мотивација.

Открива посериозни проблеми

Освен тоа што ја разгорува страста, љубомората може да укаже на посериозни проблеми и несигурност. Може да биде знак за незадоволство ако само еден од партнерите се труди околу врската, додека на другиот му е сеедно, или барем така се поставува. Како и да е може да биде последица на проблемите од минатото. Љубомората може да ви помогне да се освестите или да ве натера да побарате помош.

Привлекува внимание

Брачниот живот бара многу труд, особено ако двојката има и деца. Многу е лесно целото вниманите да го насочите на грижата и притоа да го занемарите партнерот. Малку љубомора ќе му го привлече вниманието и за неговите потреби. Таа може да ги натера паровите да се обидат да го променат својот однос или да поработат на него.

Ја потврдува посветеноста

Кога еден од партнерите е љубоморен, само сака другиот да го увери во спротивното и да му каже дека нема причина за љубомора. Тоа е своевидна посветеност кој дополнително ги поврзува партнерите.

 

 

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement