Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____совети за врска

8 правила за врските кои треба да ги игнорирате

Само затоа што сте прекинале со некој во минатото и сте имале лошо искуство, или пак вашата пријателка имала лоша врска, не значи дека вашите идни врски се осудени на пропаст. Еве кои правила треба да ги игнорирате кога станува збор за врска:

1. Вашиот партнер треба да ви биде најдобар пријател

Вашиот партнер НЕ треба да ви биде најдобар пријател. Вашите ПРИЈАТЕЛИ треба да ви бидат пријатели. Вашиот партнер треба да води љубов со вас. Само затоа што не ви прави фризури додека вие гледате епизода од „Сексот и градот“ не значи дека нема љубов во вашата врска.

2. Секогаш треба да го придружувате на секоја прослава или фамилијарен настан

Ако неговите пријатели прават забава, а вие не знаете некој од нив, останете дома! Тој може да функционира и сам.

3. Научете да уживате да ги правите работите кои вашиот партнер ги сака

Кој вели дека мора да ги сакате истите работи? Ако тој сака спорт, а вие не, едноставно не морате да гледате со него. Исто како што вие радо би отишле на концерт на Бијонсе, а тој би го прескокнал тоа.

4. Не кријте тајни еден од друг

Постојат некои работи кои тој не треба да ги знае.

5. Доколку прекинете и повторно се смирите, вашата врска нема да опстои

Понекогаш раскинувањата прават да сфатите некој колку сакате. Знаењето како да си простите еден на друг ќе ја зацврсти вашата врска.

6. Не ги слушајте вашите пријатели

Доколку СИТЕ ваши пријатели го делат мислењето во врска со вашиот партнер, тогаш можеби и треба да ги послушате.

7. Не зборувајте за бившиот

Можеби не е во ред да зборувате за претходната врска, но би било добро доколку му кажете на моменталниот партнер што ве нервирало кај поранешниот. Плус тоа, вашиот партнер сака да слушне колку е подобар од бившиот.

8. Никогаш не си легнувајте нервозни

Понекогаш, потребно ви е спиење, за следниот ден кога ќе се разбудите да сфатите за колку банални работи сте се карале минатата вечер.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement