Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____совети за врска

8 ДРЕВНИ РЕЦЕПТИ: Среќен живот имаат оние кои имаат љубов

Клучот за ублажување на страдањето лежи во прифаќањето на она што не може да се промени

Со векови, некои изреки се пренесуваат од колено н аколено и се кажуваат во сите генерации. Некои од нив се применливи во одредени ситуации, а некои се универзални. Ова се древните мудрости кои науката ги поддржува.

1) Ќе бидете здрави ако им помагате на другите

Дури и грчките филозофи расправаа за добрите страни на хедонистичката и еудаимоничката среќа. Хедонистичката среќа е среќа овозможена од зголеменото задоволство и намалената болка, додека еудаимоничката среќа е поврзана со наоѓањето смисла во животот. Неодамна направените студии на Универзитетот на Северена Каролина откриваат дека двата вида среќа прават да се чувствувате добро, но еудаимоничката среќа може да го подобри физичкото здравје и да овозможи долговечност. Учесниците кои учествувале во студијата, пополнувале прашалници, биле интервјуирани и давале примероци од крв. Кај учесниците кај кои постоло повисоко ниво на хедонистичка среќа, имало помал број на антитела кои се борат против вирусите, додека кај другите бил значително поголем бројот на истите антитела.

2) Акупунктурата може да го обнови балансот во телото

Традиционалната кинеска медицина влијае на дисбалансот во чи-то (чи- циркулаторна енергија која постои во секоја жива материја) на некои лица. Без разлика дали верувате во проток на енергија или не, една нова студија открила дека акупунктурата може да биде ефективна во намалувањето на мигрената, артритисот и другите хронични болки.

3) Потребна ни е поддршка од друштвото за да напредуваме

Традиционланото будистичко учење тврди дека друштвото е клучна компонента за среќен, исполнет живот. Студијата од 2010 година направена на Универзитетот на Северна Каролина го потврдила ова учење, заклучувајќи дека здравиот друштвен живот поттикнува долговечност. Истражувачите откриле дека оние со посилни друштвени врски  имаат посилен организам. Друштвените врски повеќе влијаат на смртноста, отколку дебелината.

4) Таи Чи може да помогне при олеснување на многу здравствени проблеми

Оваа древна кинеска борбена вештина се базира на уверувањето дека постигнувањето баланс во телото и умот создава општо чувство на мир и хармонија, а тоа природно го продолжува животот. Неколку студии од 2009 година покажале дека оваа „подвижна медитација“ помага во спречувањето на многу здравствени проблеми поврзани со стареењето. Бројните студии покажале дека таи чи помага на оние кои страдаат од артритис, слаба густина на коските и срцеви болести.

5) Мидитацијата го ублажува стресот и овозможува внатрешен мир

Се верува дека медитацијата помага во смирување на умот и достигнување на повисоко ниво не свесност, како и дека го подобрува здравјето. Ова го потврдиле бројни студии.

6) Сочувствувањето е клуч за исполнет живот

Традицијата на Тибетанските будисти вклучува вештина наречена мета. Истражувањата покажале дека сочувствувачката медитација од овој вид ја подобрува способноста за емпатија со другите и овозможува полесно читање на изразите на лицата на другите луѓе. Една студија открила дека оваа вештина ја подобрува позитивната емоција, создава мрежа на поддршка околу другите луѓе и го подобрува општото здравје.

7) Клучот за ублажување на страдањето лежи во прифаќањето на она што не можеме да го промениме

Според едно будистичко учење, лицето мора да ги прифати работите кои не може да ги промени, бидејќи на тој начин помалку страда. Научниците го имаат потврдено ова учење. Отриено е дека сочувствувањето со реалноста на животот им помага на постарите лица да живеат подолго. Луѓето кои се прилагодени на средината во која живеат и ги прифатиле работите кои не можат да ги променат, живеат подолго.

8) Сè што ви треба е љубов

Многу древни мудрости се сложуваат околу овие работи – љубовта е таа која што го прави животот среќен и исполнет. Група изтражувачи од Харвард правеле студија која траела 75 години, со цел да го истражат токму ова. Науката пресудила во корист на оваа изјава: Среќен живот имаат оние кои имаат љубов.

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...