Ако мислевте дека мора да имате совршено лице и тело за да го привлечете вниманието на мажите, се лажете. Повеќето од нив сметаат дека жените со малку неприметна шминка се многу попривлечини и во нивно друштво се осеќаат попријатно. Откријте кои се особините што мажите ги ценат кај поубавата половина и кои се позначајни од физичкиот изглед.
Необична смисла за хумор
Мажите сакаат жена со која можат да се смеат. А што понеобична и прљава смисла за хумор имаат толку подобро. Притоа не мора задолжително да има сексуален акцент, но понекогаш е корисно да биде по малку.
Мажите ги сакаат вашите мани
Не ги сакате можби своите раце, гради, нос, уста. Но всушност баш поради тие посебни особини сте му се допаднале и ве сака. Немојте да пробувате да го покриете она што мислите дека не е добро, бидејќи токму тие работи можеби го привлекле.
Жени кои се грижливи и нежни
Некои жени можеби немаат совршена фигура на лице, но се чуствителни и грижливи. Со таа особина влијааат мажите да се чуствуваат гордо и сакано, а баш поради тоа ги обожаваат.
Независни жени
Иако сакаат да се поставуваат како заштитници, обожаваат жени кои се независни. Но иако звучи малку котрадикторно, ако му покажете дека имате свој живот, дека го сакате, дека сте добро организирани, мажите ќе покажат интерес. Тие сакаат предизвици, а еманципираните жени се предизвик.
Ги привлекува самодоверба
Не морате да бидете физички атрактивни за да ги привлечете мажите. Кога зрачите со самодоверба и став, ќе го освоите појакиот пол. Жената што знае колку вреди и се цени себеси е привлечна и секси.
Жени кои им нудат слобода
Жената може да биде и најголемиот секс симбол, но ако не препознае кога на мажот треба да му даде малку простор, ни совршениот физички изглед нема да помогне. Дамите кои го почитуваат правото на приватност, се многу по посакувани од оние кои сакаат се да контролираат.

You must be logged in to post a comment Login