• Сподели на:

6 фази на раскинувања кој секој мора да ги преживее

___

Не постои ништо поболно од самото искуство некој да ве остави а вие сте го сакале и сте биле подготвени и во оган да скокнете. А тој успева да ви каже дека тоа веќе не е тоа и дека сам да го продолжи животниот пат, без вас.  Сепак лекувањето на вашето срце нема да биде лесно и едноставно, а и секако треба да ги знаете сите фази на раскинување, односно сите промени кои ве очекуваат откако ќе останете сами.

Фаза на очајот – По раскинувањето првата фаза е очај. Истовремено и драматична и патетична, но самосожалувањето трае се на се неколку дена. Во таа фаза најчесто апетитот е на ниво како и енергијата, па обично се движите од каучот до креветот. Сонот никако не доаѓа, а гледањето во телевизорот тие денови ви е омилена активност. Од овој полуживот ве извлекуваат пријателите кои постојано ве потсетуваат дека работите ќе се средат и дека имате рамо за плачење.

Фаза на огорченост –  По очајот, следи фазата во која тагата се претвара во огорченост. Бившата врска несвесно се пресликува на сите останати врски, ја губите врбата во луѓето и ја зајакнувате сомнителноста. Не се грижете, ова општо разочарување е само фаза и не допуштајте да ве скрши. Бидете со семејството и со пријателите со кои ќе ја преживеете тагата и полека ќе се вратите во нормала.

Фаза “подобар да бидам сам/а отколку со него/неа”- Во третата фаза настојувате да се уверите дека сепак е подобро да се биде соло отколку во врска. Огорченоста ја заменила вербата и подобро утре и списокот на работи кои ќе ги правите сами отколку во пар. Ќе пронаоѓате се повеќе светли точки, но и ќе сватите дека имате време само за себе. Во овој период ќе се посветите на се кое што сте немале време да го правите додека сте биле во врска. Тоа ќе ви направи подобар видик и ќе се чувствувате подобро. Но ниту тоа нема да биде сјајно за вас бидејки со тек на време ќе сватите дека тоа би можеле да го правите и да го споделите со некој.

Фаза “го/ја сакам назад”- Откако работите ќе тргнат на подобро, одеднаш вас дури и најмалата ситница ве враќа во минатото. Редовно ги пратите статусите на бившиот партнер на Фејсбук, како и тоа кој му ги лајкнува и со кого се појавува на фотографиите.Одеднаш добивате желба да му се јавите и се да почнете од почеток. Сепак постои причина која вие не сте заедно, и освен во ситуациите кога од двете страни сакаат да пробаат одново, подобро да не се впуштате  во вакво нешто.

Премногу активна фаза – Во оваа фаза често излегувате, цело време правите нешто и трчате од еден тренинг на друг. Претераната активност е само настојување да се заборави чувството на тага и осаменост. Сепак тоа малку по малку и помага. Се повеќе се дружите со други луѓе. Животот ви е исполнет и тоа го покажувате со задоволство. Оваа фаза ви помага да сватите дека тагата е само знак дека не знаете да се носите со своите емоции, наместо да ги оставите на страна.

Фаза “време е за нов почеток” – Последната фаза е фазата на признавање дека е готово, осносно дека времето е за нов почеток. Во овој периот ќе останувате дома затоа што така сакате, а не затоа што вас тагата ве приковала дома. Уживате во нови искуства, но не брзате како во претходната

фаза. Опуштени сте и сами го одредувате темпото на својот живот. Иако некогаш ќе ви биде тешко, но уверени сте дека ве чека многу подобра иднина.


Оставете коментар

___