• Сподели на:

4 знаци дека партнерот ве мота околу малиот прст

___

Секоја жена барем еднаш во животот налетала на дечко кој ќеи го украде срцето а потоа ќе ја запостави на страна. Но не си сигурна дали и твојот е таков, ова се знаците дека е:

Го читаш овој текст

Жените во врска со нормални партнери нема ниту да го отвори овој текст бидејќи знаат дека ова не е за нивниот дечко. Ако си оптеретена и ти смета однесувањето на твојот фраер до таа мера да мораш да провериш дали те зафркава или не, веројатно те зафркава.

Мораш многу да се трудиш

Ако константно мораш да се трудиш околу него и мораш да му докажуваш дека го заслужуваш неговото внимание, размисли дали го сакаш воопшто.

Те спушта

Ваквите шеги на почетокот на врската е симпатичен начин на флерт, но ако фраерот константно те спушта и ти дава комплименти во кои се наоѓа и навреда – време е да се запрасаш со кого си во врска? Тој има тактика, а тактиката е да те убеди дека ти мораш да го освоиш, а не тој тебе.

Те заборава

Не велиме дека не може да заборави на договор, но ако си му важна – нема да заборави. Ако заборави и се јави недела подоцна, немој да му покажеш дека си го чекала.


Оставете коментар

___