• Сподели на:

3 типа на мажи по кои жените воздивнуваат

___

Некои фраери се толку згодни, секси и привлечни што не постои жена која може да им одолее.

Жените се, баш како и мажите, визуелни типови. Сакаат убавина, сексапил и згодно тело, сѐ на едно место и токму тоа е светата тројка која го прави еден маж физички неодолив. Овојпат нема да зборуваме каков треба да биде еден фраер „во душа“, туку единствено ќе се фокусираме на физичките предиспозиции.

Следниве неколку реда им ги посветуваме на машката убавина и на сите фраери кои се неодоливи на прв поглед. Жени, уживајте!

Тип 1: Оној што е силен и мажествен

Тие се силни алфа-мажјаци, со голема количина на тестостерон. Фраери кои веќе со децении го привлекуваат вниманието на жените. Мажественоста е она што ги возбудува жените и претставниците на оваа група мажи секогаш ќе му бидат интересни на женскиот род, без оглед на сѐ.

Тип 2: Оној кој има стил

Елеганција и пристојност, внимателно одбрана гардероба и друштво, совршен парфем и галантен пристап – жените сигурно „паѓаат“ на ова. Иако наведените карактеристики ги красат главно богатите мажи, сепак не е потребно да имате многу нули на сметката. Доволно е да знаете што сакаат жените, а тоа е да бидат чувани и милувани.

Тип 3: Оној што го има „она нешто“

„Она нешто“ може да биде било што. Тоа е понекогаш секси поглед, убав глас или привлечна насмевка, манири и талент, но често произлегува од комплетниот впечаток кој мажот ѝ го остава на жената.


Оставете коментар

___