• Сподели на:

10 работи што не треба да ги зборувате за бившите момчиња

___

Кога ќе раскинете со дечкото, веројатно ќе посакате на сите да им раскажете колку голем идиот бил. Но, пред навистина да го направите тоа, прочитајте ги следниве експертски совети што не би смееле да зборувате за својот бивш партнер, ако за себе го посакувате само најдоброто.

breakup1

1. Сексот беше ужасен

Оценувањето на неговиот перформанс може да биде прилично субјективна работа, освен ако е потполно тром и статичен за време на сексот. Задржете ги своите впечатоци само за себе, макар и ако завршил пред да кажете секс, а предиграта за него е мисловна именка.

2. Беше скржав           

Секој има поинаков стил на живот. Ако вашиот бивш партнер мислел дека треба да троши помалку отколку што сте очекувале, тоа не значи дека бил скржавец. Ќе звучите како „спонзоруша“ ако се жалите од неговата финансиска состојба.

3. Сѐ што мислеше, зборуваше и правеше беше погрешно

Иако сте раскинале, не треба да ги заборавите сите убави моменти од вашата врска и добрите работи кои тој ги направил. Ако некој од вашите пријатели се сети на вашите заеднички, позитивни случки, вдишете длабоко пред да „распалите“ против бившиот. Исто така, никако немојте постојано да го озборувате пред новиот партнер, бидејќи тој ќе стекне впечаток дека сѐ уште чуствувате нешто за него, макар тоа биле и негативни емоции, и дека не сте успеале да продолжите со својот живот.

4. Се однесуваше како кретен цело време

Добро, можеби ова е точно, но тогаш зошто воопшто сте биле со него толку месеци, па и години? Важно е понекогаш да се потсетите на минатото и да ги откриете предупредувачките знаци кои сте пропуштиле да ги видите додека сте биле во таа врска. Така ќе извлечете поуки од кои ќе имате корист во иднина. Но, тоа не значи дека цел свет треба да знае за тоа.

5. Уште го сакате

Сите ние барем еднаш сме имале скршено срце и сме преживеале болни раскинувања. Ако на другите им зборувате дека сѐ уште го сакате, процесот на преболување ќе трае подолго. Однесувајте се како да е сѐ во ред, макар и да не е навистина така.

relationship-break-up-advice

6. Откривате работи кои ви ги кажал во доверба

Како и да завршила вашата врска, факт е дека со таа личност сте биле интимно поврзани. Често мислиме дека заветот на молчење престанува да важи кога врската ќе згасне. Меѓутоа, и понатаму стојте зад ветувањата што сте ги дале, за да го сочувате вашиот интегритет и за да може да ви веруваат и други луѓе.

7. На другите им кажувате работи кои можат сосем да го посрамотат

Ако сте подготвени да раскажувате понижувачки приказни за својот бивш, што мислите дека за вас ќе мислат вашите пријатели и новиот партнер?

8. Позитивните особини кои сте ги сакале кај вашиот бивш дечко

Од друга страна, некои личности сакаат да зборуваат за добрите особини на нивните поранешни партнери: како биле вистински мајстори за некои работи, како ве опсипувале со подароци, што правеле за да се чувствувате посебно итн. Ако за себе и за новата врска го посакувате само најдоброто, подобро држете ја устата затворена.

9. Вашите родители го обожавале

Кога ќе ги запознаете родителите со новото момче, не обидувајте се да го величате спредувајќи го со бившиот, особено ако тие го сакале. Новиот партнер веројатно е веќе доволно нервозен обидувајќи се да ги исполни очекувањата, па само уште тоа му фали, да го прогонува духот на вашиот стар дечко.

10. Негативните особини кои се заеднички за вашиот бивш и сегашен партнер

Ако навистина сакате да го разбесните вашето сегашно момче, кажете му дека некоја работа што тој ја прави, ја правел и вашиот бивш партнер, а вие сте ја мразеле од дното на душата. Тоа нема да ја подобри ситуацијата, верувајте ни.


Оставете коментар

___