• Сподели на:

10 начини за поголеми шанси да забремените

___

Секој шести пар има проблеми со зачнувањето, а кај над 40% од случаите причините се непознати. Ако планирате да го проширите семејството, тогаш направете неколку едноставни измени во секојдневните навики
.
1. Оставете го алкохолот
Алкохолот може да има негативно влијание на репродуктивниот систем. Дури и малите количини може да влијаат на менструалниот циклус, намалувајќи ги шансите за забременување.
Освен тоа, алкохолот го намалува нивото на тестостеронот и квалитетот на спремата. На мажите им е дозволено околу 7,5 децилитри пиво на ден, а жените не би требало да конзумираат повеќе од една до две пијачки, еднаш или двапати неделно.
slika 1
2. „Удрете“ на секс
Заборавете на гледање и сметање кога ви се плодните денови. Опуштете се и водете љубов почесто.
3. Промени во исхраната
Јадете доста свежи органски производи бидејќи на таков начин ќе внесете клучни антиоксиданси и хранливи материи. Цинкот влијае на зрелоста на јајце-клетките, а го има во мисиркиното месо, пилешките гради и јаткастите плодови. Селенот е основната состојка за формирање на спермата и тестостеронот, а го има во бразилските ореви, рибите, јајцата и печурките. Јогурт, јајца, свеж лосос, говедско, киви, портокал, зелка и шпаргла (аспарагус) се производи што содржат доволно витамин Б12 и Ц кои ја зголемуваат количината на сперматозоиди.
slika 2
4.  Пазете да не се здебелите
Ако сакате да останете бремени не е добро да бидете ниту згоени, ниту потхранети. Доколку вашиот индекс на телесна маса се намали за 10%, тоа може значително да влијае на шансите да забремените.
5. Оставете го пушењето
Пушачите почесто имаат проблеми со плодноста. Кога пушите внесувате над 7000 хемикалии во организмот, кои се штетни и за овулацијата и за формирањето на спрема.
slika 3
6. Појадувајте обилно
Обилниот појадок може да биде користен во борбата против полицистичните јајници, кои се најчестата причина за неплодноста.
Многу жени со полицистични јајници имаат зголемено ниво на инсулин што доведува до поголемо ниво на тестостерон, а тоа влијае на нередовниот месечен циклус.
7.  Престанете навреме со апчињата за контрацепција
По прекинувањето на оралната контрацепција, можеби ќе ви требаат и до 6 месеци за да го вратите организмот во првобитната состојба.
8. Повеќе вода
Водата е основната состојка во крвта која ја храни секоја наша клетка. Како што помага да проработи репродуктивниот систем, таа исто така делува и на зголемување на цервикалниот секрет, кој што овозможува полесно минување на спермата.
slika 4
9. Избегнувајте го стресот
Ако сте под голем стрес, тоа може да влијае на намалување на плодноста, прекин на овулацијата и до пореметување на хормоните.
Пробајте да се справите со стресот со длабоко дишење, јога, медитација, масажа и редовни прошетки.
10. Правете вистински вежби
Умереното вежбање е добро за плодноста, но ако претерате можете да предизвикате негативен ефект. Избегнувајте исцрпувачки вежби и пробајте со јога, лесен пилатес, прошетки и пливање.
slika 5

Оставете коментар

___