Постојат многу теории кои тврдат дека компирот не е воопшто здрав за луѓето кои сакаат да се борат со килограмите. Во реалноста, сепак, тоа не е точно. Прво во 100гр компири има само околу 80 калории. И второ, во овој производ има голема количина на витамин Ц, како и елементи, исклучително корисни за срцето. Затоа диетата, која ќе ви ја презентираме, е навистина ефикасна и здрава! Се прави четири дена, и се губат минимум 2 килограми.
1 Ден
Појадок: Исечете го вашиот омилен плод и додадете малку кисело млеко. По желба можете да ставите и малку овес.
Ручек: 600гр компири се сечат на кругчиња и се запечуваат со бибер и сол. Непосредно пред да бидат готови, се додава 100гр рендано сирење. Се конзумира само половина од количеството.
Ужина: Мандарина, портокал или јаболко.
Вечера: Другата половина од компирите, останати од ручекот, зачинете со сос од јогурт или лук.
2 Ден
Појадок: 50 грама нискомаслена урда, и 1 тост од пченкарен леб.
Ручек: 4 варени компири помешени со варен карфиол или брокула.
Ужина: Чаша млако со ниска масленост.
Вечера: Направете си супа со компири и зеленчук по избор.без фиде!
3 Ден
Појадок: 200гр кисело млеко.
Ручек: 200гр компири, печени со едно јајце, малку сирење и свежи домати.
Ужина: јаболко или грејпфрут.
Вечера: 200гр печени компири со 50гр урда.
4 Ден
Појадок: Тост со 50гр пилешко месо и половина грејпфрут.
Ручек: 200гр варени компири, салата од пиперки и домати.
Ужина: Чаша сок од моркови и еден тост.
Вечера: Сварете 300гр компири. Исецкајте ги на коцки и додадете кромид, лук, 50гр сирење и 3-4 лажици јогурт. Можете да ги зачините со малку сол и сок од лимон.

You must be logged in to post a comment Login