Сувата и испукана кожа бара одредена нега, а таа се крие во само 4 состојки.
Подготовките за кратки панталони и фустани веќе почнаа, а ако планирате да покажете повеќе кожа, направете ја блескава.
Шеќер како пилинг ги вади мртвите ќелии на кожа, маслиновото масло ја негува и хидрира кожата а грепјфрутот и мајчината душица делуваат против воспаленија, ја затегнуваат кожата и ја прават еластична и мазна. Ви носиме рецеп за пилинг за тело кој ја затегнува кожата и го прикрива целулитот.
Состојки:
1 чаша шеќер, 2 до 3 лажици маслиново масло, 10 до 15 капки етерично масло од грејпфрут, 2 лажици свежа мајчина душица или лаванда.
Подготовка:
1. Мајчината душица или лаванда ситно исецкајте ја и заедно со останатите состојки ставете ја во сад.
2. Сето тоа заедно добро измешајте го додека состојките не се соединат. Ако смесата остане сува додадете ушта малку маслиново масло.
3. За време на туширањето, на мокра кожа нанесете го пилингот и со кружни движења добро истријте го телото а посебно бутовите и задникот.
4. Измијте се со млака вода.

You must be logged in to post a comment Login