Со желба на својата кожа да и овозможиме најдобра нега, често трошиме пари на разни козметички препарати кои всушност не ни се потребни. Еве како да заштедите на својот ритуал за убавина.
1.Средство за чистење на лицето
Ваквото средство не останува долго на кожата за да имаме некаква корист. Доволно е редовно да го миете лицето со сапун кој не ја суши кожата.
2.Тоник
Тоникот за лице е создаден за да и помогне на кожата да ја балансира својата pH вредност после употребата на други производи. Но доколку вашата кожа ја чистите со благи средства и доколку немате масна кожа, тоникот не ви е потребен.
3.Крема за врат
Вратот и деколтето се делови од телото кое многу жени го забораваат, но тоа не значи дека треба да купувате посебни креме за тоа подрачје. Кремите за врат се најчесто обични хидрантни креми со состојки како тие за петите, кои можат да се најдат и во секоја ноќна крема, па според тоа можете да ги користите и на вратот.

You must be logged in to post a comment Login