Природни маски и мали трикови кои ќе помогнат вашата коса побрзо да порасне.
Маска од домат
Најделотворен, но и најмалку познат начин за забрзување на раст на коса. Покрај должина, ќе постигнете и значителна цврстина, затоа е и погодна и за оние кои имаат проблеми со опаѓање. Се’ што треба да направите е да измешате сок од три домати, една жолчка, една лажичка мед и додајте малку вода. Мешавината нанесете ја на полусува коса и оставете да делува 30 минути. Измијте ја со топла вода. Повторувајте ја постапката еднаш неделно во текот на неколку месеци.
Топли маслени масажи
Избирајте исклучиво природни масла – кокосово, рузмариново, маслиново. Кога ќе го изберете маслото кое најмногу ви одговара, започнете со масажите со тоа што ќе го нанесете на темето, а потоа и на косата. Замотајте ја главата во целофанска фолија или пластична кеса. Оставете да делува 30 минути. Телесната топлина која ќе ја емитува темето, природно ќе го загрее маслото. Овој третман помага на стимулација на темето и истовремено ја подобрува циркулацијата, а со самото тоа и растот на косата.
Препарат од лук
Верувале или не, колку и да звучи чудно, лукот е пријател на вашата коса. Не само што ќе го забрза растот на косата, туку ќе ги обнови и фоликулите на влакната. Потребен ви е еден црвен лук, четири чешниња бел лук и две стапчиња цимет. Оставете ги да се изварат во топла вода, а потоа и да се изладат на собна температура. Со течноста покријте ја целата коса. Практикувајте го ова секој пат кога ќе ја миете косата, а ефектите ќе ги видите по неколку недели. Не го практикувајте ова ако имате фарбана коса, зошто лукот ќе ви ја оштети бојата.
Посетете фризер
Во просек, човечката коса расте 12-15 центиметри годишно. Ако имате оштетена коса и нееднакви, расцветани краеви, тоа не важи за вас, зошто во тој случај косата не може да расте. Со редовно потстрижување, вашата коса ќе остане здрава и ќе спречите расцветаните врвови да стигнат до темето. Еднаш месечно посетувајте фризерски салон.
Здрава исхрана
Здравата коса е поттикната од благодетите кои ги носат житариците, јаткастите плодови, јогуртот, брокулите и овошјето. Минералите и протеините во тие намирници го забрзуваат растот на косата, зошто и самата коса е сочинета од протеини.