Доколку не сте ја извадиле шминката пред да отидете во кревет, порите на лицето ќе се затворат. Вашата кожа нема да може преку нив да се регенерира, па затоа и е потребна посебна нега наредното утро. Трепките воглавно се залепени, тврди и кршливи. За дополнително да не ја оптеретите кожата на лицето, користете благи производи.
Најдобро е да употребите благо млеко за чистење на кожата, кое ќе го нанесете во поголема количина и ќе го оставите кратко да делува. Земете нежно памуче и со помош на него изчистете го лицето. Доколку и после овој третман не лицето имате трагови од шминка, повторете ја постапката.
Пилингот исто така се препорачува, но доколку го користите премногу често, можете да ја оштетите кожата.
За вашата кожа да може да се опорави, после чистењето нанесете блага дневна крема. Доколку не можете без пудра за лице, доволно е некоја лесна шминка. Против отечените очи ќе ви помогнат производите со ефект за ладење, кој ќе ја врати свежината на вашето лице.
За оштетените трпки постојат посебни масла за нега. Пробајте наредните денови да не нанесувате маскара.

You must be logged in to post a comment Login