Овој напиток ги обезбедува сите потребни хранливи материи и ја намалува надуеноста, па со самото тоа и обемот на струкот.
Овој здрав, овошен пијалок ќе му ја обезбеди на вашиот организам потребната количина влакна, витамини и минерали. Покрај тоа ја намалува надуеноста и со самото тоа ќе имате порамен стомак.
За да го приппремите овој вкусен, здрав напиток потребни ви се 100 гр. свежи боровници, 200 гр. свеж кељ, 50 гр. смрзнат ананас и 100 мл грчки јогурт со мала масленост.
Овошјето имијте го, ставете во блендер, додадете го јогуртот и пасирајте додека не добиете густа, темно-виолетова смеса.
Пијалокот се пие веднаш, а неговиот вкус и благотворното дејство ќе ве натераат да го правите повторно.

You must be logged in to post a comment Login