Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____совети и како да

За пет минути – три различни видови шминка

Ако немате време или едноставно „ве мрзи“ да се шминкате, не значи дека не можете и со помалку труд да изгледате убаво.

1sm

 

1. Дискретна сензуалност – Убаво нашминкани очи не значи мноогу сенка или многу темна сенка. Убавиот и сензуален изглед можете да го постигнете и со крем-сенка во беж сива боја, со два слоја маскара. За нагласени очи полни со сјај, едноставно – со прст нанесете од кремата на очните капаци. На внатрешните агли од окото нанесете малку од белата сенка и добро размачкајте го за да не се гледа преминот од една во друга боја. Завршете со два слоја маскара.

 

2sm

 

2. Боја за нагласување – Тушот за очи и понатаму е добар нагласок за очите, независно дали користите течен или во гел, тој останува на капаците по цел ден. А кога зборуваме за боите, моливчето за очи не мора секогаш да биде црно. Пробајте и туш во боја. Нагласете ги капаците со светла и неутрална сенка. Нанесете туш за очи – почнете од внатрешните кон надворешните агли на окото и постепено проширувајте ја линијата. Кога ќе поминете на надворешниот дел, линијата закривете ја кон горе (како да штиклирате). Завршете со два слоја маскара.

3sm

 

3. Светли smokey eyes – За овој класичен вечерен изглед, заборавете на црното моливче за очи. Наместо тоа, користете само една неутрална сенка. Светлата сивкаста боја или темносивата и сребрената се бои кои стојат на поголем број жени, па изберете една од нив. Со четкичка нанесете сенка на целиот капак. Горниот агол од очните капаци исенчајте го и ублажете го со прстите. Со влажната четкичка за туш и истата сенка – исцртајте линија над трепките. Потоа со четкичка за сенка истата боја нанесете ја во тенка линија по должината на долниот дел од трепките. Нанесете два слоја маскара и потоа – подготвени сте!

 

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement