Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____совети и како да

Убавината е … љубов кон себе си

Секогаш сме зборувале дека една вистинска жена посветува големо внимание на својот надворешен изглед.

И не мислиме со тоа на скапа облека, козметика, процедури и силиконски тунинг. Зборуваме за умешноста да ги извлечеш своите квалитети на виделина – да чекориш со самодоверба, да изгледаш „скапо“ и во најефтината облека и да не дозволуваш да те гледаат во неугледно издание… А тоа последното, доста често вклучува и убава шминка!

И сепак ние сме изненадени од фактот дека цели 90% од жените никогаш не би излегле од дома без шминка. Една третина од учесничките во новото истражување споделиле дека не оделе ни до продавница без да се средат, ниту пак на прошетка со кучето.

64% признаваат дека не би отишле на работа без кармин и маскара, а 44% дека никогаш не би се фотографирале без шминка. Повеќето дами изјавиле дека се чувствуваат „голи“ без шминка.

Воопшто, се потврдува дека повеќето жени не сваќаат дека не е шминката она што не прави убави. Шминката само ја акцентира убавината. Убави сме кога се однесуваме со љубов кон себе!

Тогаш не би си дозволиле да го измачуваме телото со нездрава храна, негативни мисли, премногу напор и стресови. Тогаш би се грижеле за кожата, косата и телото со љубов и тие ќе бидат убави и здрави. Тогаш ќе зрачиме и тоа ќе се гледа. И нема да е важно дали сме ставиле пудра и маскара за да излеземе од дома – со или без тоа ние пак ќе сме убави!

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement