Бохо стилот сега можете да го носите и на вашиот маникир со помош на овој многу едноставен туторијал. Следете ги чекори, одберете ги вашите три бои и бидете уникатни.


Нацртајте дијагонална линија со една од боите на средината на ноктот. Не грижете се ако не е сосема права, не мора да биде.

Потоа со другите две бои обојте го врвот и основата на ноктот, оставајќи милиметарска необоена лента помеѓу боите.

Оставете ги ноктите да се исушат, а потоа нанесете дебел слој на безбоен лак. Потоа натопете тенка четка или чачкалица во ацетон и влечете ја низ лентите, а потоа истото повторете го во спротивната насока.

Завршете нанесувајќи уште еден слој безбоен лак.

You must be logged in to post a comment Login