Оваа диета ќе ве ослободи од излишните 2-3 килограми вода, без кои сигурно ќе ви се допаѓа како изгледате, а освен тоа ќе го прочисти вашето тело од штетните материи и токсини.
Времетраењето на строгиот режим не треба да надминува 3 дена. За да ја направите оваа диета и да не се одвратите од својата цел, потребно е да имате волја и да положите напори, бидејќи ви е дозволена консумацијата само на:
-150мл зовриена вода со 2 лажици мед. Се препорачува да не го додавате медот однапред, за да не го изгуби делот од корисните својства. Ограничувајте го количеството на мед до 150гр на ден, во текот на овие три дена. За мирис и вкус може да додадете лимон или свеж корен од ѓумбир.

Пијте што повеќе вода. Оваа диета не се препорачува кај адолесценти, деца, и бремени, како и кај лицата со хронични здравствени проблеми.
-Еднаш во денот јадете по три лажици овесни снегулки со јогурт.
Забрането е консумирање за време и веднаш по диетата на:
Месо и јаглени хидрати, како и тешка храна веднаш по прекинот на диетата. Внесувајте ги бавно и постепено во начинот на исхрана. Почнете да јадете супи, и по неколку дена почнете да додавате по 100гр пилешко месо на ден и салати.

You must be logged in to post a comment Login