Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____совети и како да

Спасете ги лошо искубените веѓи

Полните веѓи го обликуваат лицето и очите, визуелно ги намалуваат темните кругови околу очите и останатите неправилности на лицето, а тоа ги прави да се посакани отколку тенките веѓи. За да им го вратите природниот изглед на премногу искубените веѓи и да ги доведете во ред , користете ги следните трикови.

За да ги поправите премногу искубените веѓи потребни се шест месеци, во текот на кои се препорачуваат корекции на секои шест недели. Во меѓувреме природниот изглед на веѓите можете да го одржувате уреден со помош на три едноставни трикови, советува Анастасија Суаре, американска козметичарка.

Прв чекор

Врвот на моливот свртете го нагоре и потпрете го вертикално до најшироката линија на носот. На ист начин моливот насочете го од врвот на носот до надворешниот агол на окото. Точката над окото би требало да биде местото каде веѓата завршува, а точката на лакот ќе ја пронајдете ако моливот го насочите од врвот на носот до средината на окото. Највисоката точка над окото на горната линија на веѓата е природна средина на веѓата.

Втор чекор

За да ја пополните празнината и да ја задебелите тенката линија на веѓите, употребувајте молив со четка за веѓи и убав врв, кој е во иста нијанса како и вашите веѓи. Прецизниот врв ќе ви помогне да направите природен изглед и прецизно да ги нацртате влакната, а четката е неопходна, бидејќи со чешлањето на веѓите лесно го следите природниот облик на веѓите кој сакате да го постигнете.

Трет чекор

За убедлив природен изглед на веѓите помага нанесувањето на пудра за веѓи koja e за нијанса посветла од бојата на вашите веѓи. Пудрата ќе ги ублажи грубите линии на моливот, а за постигнување на тродимензионален изглед употребете светол коректор. Повлечете линија под веѓите и размачкајте ја со четка.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement