Тоа што има 80 години нема никаква врска, сепак тоа е Karl Lagerfeld, а кога тој зборува, останатите молчат и слушаат!
Било кој совет од Karl Lagerfeld, мора прво да се сослуша, а потоа да се усвои. Тука нема компромиси бидејќи тој знае се! Вистински знае се !
Креативниот директор на Chanel во едно интерјвју зборува за своите нови парфеми и ја открива тајната на својата младолика кожа.
“Кога имав 24 години мајка ми ми даде совет секоја вечер пред спиење да го мијам лицето и никогаш да не заборавам да го направам тоа, а потоа да ставам крема за лице”, изјави славниот креатор.
Толку едноставно! Визионерот на Chanel сепак спомена дека не би имал така блескава кожа доколку не ги избегнувал цигарите и алкохолот.
“Потребни ми се слободни раце за цртање. Немам јас време за цигари и алкохол!”

You must be logged in to post a comment Login