Поради големиот избор на разни модели, диоптриските очила денес претставуваат апсолутен моден хит. Шминката која одговара со очилата може да направи да изгледате преубаво. Само треба да ги знаете правите трикови, бојата и количината на шминка која треба да ја нанесете.
Нагласете ги очите – Очилата ги прекриваат очите и треба да знаете како да ги истакнете. Ставете маскара и тенок или дебел слој на молив за очи во зависност од рамката на вашите очила.
Помалку шминка на капаците – Со оглед дека очилата ги прекриваат поголемиот дел од очните капаци, не треба да се грижите која сенка да ја ставите. Доколку сакате да ставите сенка, изберете некоја неутрална боја која нема многу да се приметува.
Одвлечете внимание од очилата – Доколку не се чувствувате пријатно додека носите очила, бидејки мислите дека не ви стојат добро, одвлечете го вниманието од нив така што ќе нанесете кармин со смела боја. Црвена, розева или виолетова се боите кои привлекуваат внимание.
Ставете руменило – На местото каде вашите очила ги допираат образите ставете малку руменило. Дајте на кожата природен изглед како да сјае.
Убаво обликувајте ги веѓите – Редовно средувајте ги веѓите и убаво обликувајте ги, бидејки тие ги нагласуваат очите кога носите очила.
Не претерувајте со шминката – Не сакате кога премногу работи се случуваат на лицето во исто време. Особено ако носите рамка во боја. Држете едноставност.
Не се определувајте по секоја цена за контактни леќи наместо очила. Со пчилата може да изгледате многу модерно и шик со правата шминка.

You must be logged in to post a comment Login