Ако имате проблем со мрсна кожа, особено во пределот на носот, брадата или челото ﴾или т.н. Т‐зона﴿ не треба да употребувате производи кои ги затвораат порите и создаваат митесери. Од мрсната кожа може да се ослободите со следниве чекори.
Чистење
Првиот чекор во решавање на проблемот со мрсната кожа е чистење на истата наутро и навечер. Изберете нежен тоник со ниска PH вредност кој ќе го отстрани вишокот маснотија од површината на кожата и нема да го уништи заштитниот слој. Лицето не смеете да го третирате со агресивни сапуни бидејќи на тој начин ќе постигнете спротивен ефект. Еднаш неделно правете и пилинг на кожата кој ќе ги отстрани мртвите клетки и нечистотиите од површинскиот слој на кожата.
Маска за нега
Најмалку еднаш неделно направете маска за лице која исто така ќе го отстрани вишокот маснотии во критичните зони. Во таа нега особено ефикасно дејствува зелената глина, свежата краставица или смуди од житарки, свежа краставица и јогурт. Секоја од овие маски се нанесува на чиста кожа, се остава да делува половина час и потоа се плакне со ладна вода.
Нежна шминка
Агресивните креми и козметички производи дополнително ќе ја замастат Т‐зоната. Затоа, изберете нежна пудра и други нежни производи за лице. Најдобро би било сите препарати кои ги користите да имаат природна AХA киселина, витамин А и Е.

You must be logged in to post a comment Login