Од сите металик бои, бакарната највеќе одговара на сите жени. Без разлика која нијанса ќе ја одберете, нема да погрешите.
За да не изгледата како диско топка, најдобро е да ја нанесете сенката од линијата на трепките па се до преклопот на очниот капак.
Ставете малку од сенката и на внатрешните агли од очите. Дефинирајте ги очите со тенка линија со помош на темно кафен ајлајнер, и на крај нанесете на трепките маскара.
Немојте да комбинирате розеви или пак црвени нијанси на руменило со бакарна сенка на очите, бидејки тоновите се спротивни.

You must be logged in to post a comment Login