Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____совети и како да

Совети од Мелина: Тајните на честото јадење:Како да го претворите бавниот метаболизам во турбо машина?

Брз метаболизам. Само спомнувањето на таа фраза поттикнува идеја за прекрасно тело, без масти. Практикувањето мали, а чести оброци – оброк на три часа кога сте будни- е најефикасната стратегија за забрзување на метаболизмот, па ќе бидете неверојатно изненадени од резултатите. Ако го комбинирате честото јадење со добра избор на храна, тогаш вашето тело ќе се претвори во турбомашина за топење масти!

Ако се уште сте скептични во врска со пет или шест оброка дневно, тогаш ќе ви дадам пет причини за да не бидете:

1. Честите оброци го забрзуваат метаболизмот

Кога човек сака да ослабне, неговата исхрана мора да се базира на храна со висок топлински ефект, како што зеленчукот е богат со целулозни влакна и протеинска храна. Чистата протеинска храна без масти, како што се пилешките или мисиркините стекови имаат најголем топлински ефект, за разлика од мрсната храна и јаглеродните хидрати кои имаат многу мал топлински ефект и затоа лесно се претвораат во масти.

2. Честите оброци се превентива за нападите на глад

Ако јадете на секои три часа, тогаш ќе заборавите на поимот глад и нема да ви се случуваат ѕверски напади на глад  претежно доцна навечер. Апсолутно е невозможно да се борите со гладот предизвикан од хормоните!

3 Со често јадење ќе имате повеќе енергија

Честото јадење добри јаглеродни хидрати заедно со немасни протени и мали количества здрави масти ќе го стабилизира шеќерот во крвта и инсулинот, и затоа нема да бидете уморни и нема д аимате нагони за глад.

4 Честите оброци го поттикнуваат зголемувањето на мускулната маса

Кога јадете јаглеродни хидрати со протеини на три часа, се ослободува инсулин, но не премногу и тој ги транспортира аминокиселините во мускулно ткиво.

5 Честите оброци овозможуваат подобро контролирање на вашите порции

Кога внесувате повеќе калории во еден оброк, вишокот ќе се складира во вид на масна наслага. Затоа вашитеоброци мора да бидат помали.

До нашето наредно дружење

Ве сака

Мелина

 

 

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement