Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____совети и како да

Совети кои ќе ви помогнат секогаш убаво да мирисате

Понекогаш поради брзиот животен стил не се прибирате дома цел ден и на крајот на денот чувствувате како почнувате да мирисате непријатно. Парфемите ви се потрошени, дезодорансите се при крај така што се почесто се засрамувате од вашата миризба. Еве некои одлични начини да мирисате добро во текот на целиот ден.

Користете миризлив гел за туширање

Од сите начини секогаш да мирисате добро, користењето на миризлив гел за туширање е најлесно. Користење на миризлив гел за туширање е совршен начин да имате прекрасен мирис кој ќе трае во текот на денот. Ако се туширате во утринските часови, гелот ќе се впие во кожата, оставајќи еден суптилен мирис.

Ставете дезодоранс веднаш по туширање

Во моментот кога ќе излезе од туш, ставете дезодоранс.Доколку го сторите тоа веднаш, тогаш не мора да се грижите за вашата миризба во текот на целиот ден.

Влажните марамчиња се ваш најдобар пријател

Знаете како бебиња секогаш мирисаат убаво? Чувајте мало пакетче со влажни марамчиња во вашата чанта за секој случај. Дури и да се испотите во текот на денот, влажните марамчиња ќе ви помогнат да привремено да ја освежите вашата миризба.

Несесер со потребните работи

Секогаш со вас во чантата носете и мал комплет од “убави мириси”. Можете да земете еден несесер и да го наполните со мини шише со парфем, екстра дезодоранс, мала четка за заби, гуми за џвакање. Здивот е исто така важен кога станува збор за добро мирисање.

Применувајте миризлив лосион во текот на ноќта

Уште еден мал трик за секогаш да мирисате убаво е да користите миризлив лосион пред спиење. Добрата работа во врска со ова е што вашата кожа ќе го апсорбира лосионот во текот на ноќта, па кога ќе се разбудите, вие ке мирисате природно и прекрасно. Нема да има потреба за парфем.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement