Многу жени со ситни очи вложуваат многу труд за време на шминкањето, со цел нивните очи да излгедаат поголеми. Доколку и вие сте една од нив, ви откриваме трикови со кои ќе направите вашите очи да изгледаат поголеми.
Сенка за очи. Доколку користите светли нијанси на сенка за очи, потребно е да ги нанесете во внатрешните агли на очите.
Трепки. Завиткајте ги трепките. Ова е уште еден трик кој можете да го направите за вашите очи да изгледаат поголеми.
Ајлајнер. Ајлајнерот дава илузија на долги и обликувани очи. Но пред се, прво морате да дознаете на кој начин ајлајнерот најдобро изгледа на вашите очи – на долниот или горниот капак.
Облик на веѓите. Обликот на веѓите треба да биде според обликот на вашето лице. Заоблените или истакнатите веѓи изгледаат совршено, а во комбинација со светла шминка изгледаат совршено.

You must be logged in to post a comment Login