Во последниве години има се повеќе предупредувања за штетните ефекти на сончевите зраци врз нашата кожа, но и понатаму многумина од нас обожаваат да се сончаат.
Познати се советите дека треба да се избегнува изложувањето на сонце од 11 часот наутро до 16 часот попладне, а секако се препорачуваат и разни препарати кои ја заштитуваат кожата и косата, но проблемот е главно во фактот дека сите овие средства за заштита чинат пари.
Природниот тоник за нега на кожата по сончање може да го направите сами дома, а при тоа и да заштедите пари.
Ова е совршен тоник за смирување на кожата по изложување на сонце.
Состојки :
1 свежа краставица
300 милилитри негазирана минерална вода
Подготовка : излупете и исечете свежа краставица, потоа прелијте ја со минерална, негазирана вода. Оставете ја краставицата да ја впива водата околу 1 час, а потоа процедете ја течноста во чисто стаклено шишенце (со затворач за спреј).
Добиената количина на тоник ќе ви бидe доволни за три дена. Овој природен тоник се користи после туширање и се чува на ладно место.

You must be logged in to post a comment Login