Нема совршени луѓе и тоа е сосема разбирливо и нормално. Но постојат многу начини да ги скриете оние делови на лицето за кои сметате дека не се толку убави и атрактивни.
Мали усни
Ако сакате устата да ви изгледа поголема, ви препорачуваме да ја продолжите малку горната усна и да ја проширите долната. За да изгледаат двете усни пропорционални, излезете малку од контурата во аглите на долната усна. За да се добие ефект на волумен, можете да додадете сјај. Добро е да се користат кармини во светли тонови.

Големи усни
За големите усни е најсоодветно да се исцртаат со молив внатрешните контури на устата. Усните се пополнуваат со два слоја кармин и се завршува со сјај во центарот.


You must be logged in to post a comment Login