Не треба да чекате да ги забележите првите сериозни и длабоки брчки по лицето, за да превземете мерки.
Ќе ви понудиме неколку рецепти за правење маски во домашни услови, кои ќе ви ја одржат еластичноста на кожата и ќе дејствуваат против првите манифестации на брчки.
Во исто време овие маски се целосно од природни состојки кои се наоѓаат во кујаната.
Маска против брчки за сува кожа со лифтинг ефект
Ставете во блендер 2 лажици срцевина од алое, додадете една жолчка и 1 лажичка мед и дополнете со 3 лажици млеко. Добро измешајте до добивање на хомогена смеса. Ставете ја на лицето 20 минути, а потоа исплакнете ја со топла вода.
Стандардна маска против брчки
Земете жолчка од едно јајце и кон неа додадете една лажичка глицерин и едно лажиче мед, измешајте па додадете малку овесни снегулки. Мешајте додека не добиете хомогена смеса. Исчистете ја кожата со лосион и нанесете ја на лицето добиената смеса. Мирувајте 20 минути и потoа измијте ја со топла вода.
Хранлива маска
Во исцеден сок од алое додадете крема за лице и малку маслиново масло. Нанесете ја смесата нежно со кружни движења. Чувајте ја маската околу 20-25 минути, а потоа одстранете ја со мека крпа.

You must be logged in to post a comment Login