Нашите баби ни се вечна инспирација за убавина, а нивните фантастични рецепти и мали тајни не прават да изгледаме негувани и убави.
Одличен пилинг за кожата на телото ќе направите доколку измешате маслиново масло и палента. Овие состојки можете да ги пронајдете во вашата кујна, фантастично се хранливи и ќе ја освежат кожата.
Ако сакате да ја направите вашата коса блескава и сјајна, обидете се со уште еден рецепт од нашите баби. Изматете една жолчка и додадете една лажица маслиново масло и едан лажица коњак. Потоа смесата рамномерно распоредете ја на косата, нежно масирајќи на темето. На крајот ставете пласична кеса на косата која ќе ја задржи топлината и ќе овозможи подобра апсорпција на хранливи материи од смесата. После тоа, измијте ја коста со шампон, ставете балсам и исушете ја. Ќе бидете воодушевени со новиот сјај на вашата коса.

You must be logged in to post a comment Login