“Тешките” парфеми функционираат врз основа на телесната температура на нашата кожа. Коажата го топи восокот и маслото и му овозможува на мирисот од ароматичното масло да се прошири.
Состојки што ќе ви бидат потребни за да направите свој домашен парфем:
– две лажици бадемово масло
– една лажица масло од праска
-четвртина лажица пчелин восок
– три четвртини мала лажичка ароматично масло по желба.
Пчеличниот восок и маслата растопете ги на пареа, и од време на време мешајте со дрвено стапче за месо.
Откако сите состојки ќе се стопат, додадете го ароматичното масло. Брзо, додека состојките сеуште не се стврднале, ставете ги во пластични кутивчиња за козметика.
Оставете да се изладат и зацврстат. Дури тогаш можете да ги затворите и да ги користите.

You must be logged in to post a comment Login