Преку глава ви е од вашиот уморен изглед? Ладниот воздух, ниската влажност и внатрешното греење преку зима ја уништуваат еластичноста на кожата. Обновувањето на клетките исто така се успорува со годините, поради што вашата кожа ја губи виталноста. Пробајте ги овие брзи трикови за да го вратите сјајот повторно.

Прерипнете го триењето
Мртвите клетки се насобираат на површината на вашата кожа, спречувајќи го природното прекршување на светлината од вашето лице. Правете ексфолијација најмалку два пати неделно за да го отстраните мртвиот слој. Но, пробајте го овој нов метод: Наместо вашиот омилен гел за пилинг со ситни парчиња кои ја измазнуваат кожата, користете онаков кој врши ексфолијација по хемиски пат – со гликолична киселина. Тој ќе ви помогне нежно да го растворите насобраниот слој по само една употреба, а со почесто користење ќе се намали и појавувањето на брчките и дамките од стареење.
Негувајте се истовремено однадвор и одвнатре
Нанесувањето на крема за навлажнување е задолжителен чекор во борбата против исушувањето, но само тоа не е секогаш доволно. Конзумирањето на чаша кокосова вода на ден помага во отфрлањето на токсините кои го намалуваат сјајот на кожата. Дополнително, користете и закрепнувачка маска еднаш неделно. Направете ја сами од:
1 лажица мед,
1 лажица кокосова вода,
1 лажичка течен глицерин (го има во аптеките) и
1 јајце.
Измешајте ги овие состојки и добиената смеса нанесете ја на лицето и вратот. Оставете ја да отстои 20 минути, а потоа исплакнете со топла вода.
Додадете малку боја
За експресно подобрување на вашиот изглед додадете малку бронзер (руменило), дури и во зима. Тајната лежи користењето на широка палета од повеќе тонови за осветлување. Комбинирајте златеста нијанса која ќе ви даде нишка топлина, со полесни, посветли тонови што ќе предизвикаат сјај. При нанесување, користете голема четка со која ќе поминете преку сите нијанси, истресете го вишокот и насмевнете се широко, нанесувајќи на образите и на врвот на носот – местата од каде светлината природно се одбива.


You must be logged in to post a comment Login