За да ја направите маската ќе ви биде потребно:
1 белка од јајце
1 супена лажица ливадски мед
Сок од половина лајм
Трите компоненти се мешаат добро се додека не добиете идеално изедначена смеса. Маската е нанесува со четка на лицето и вратот и се остава да делува 30 минути без да ве вознемирува што ќе почувствувате затегање на кожата, тоа е нормално. Се мие со ладна вода.
Протеинската маска има силен лифтинг ефект што одзема неколку години од вашата вистинска возраст. Најдобро е да ја правите непосредно пред шминкање. И не претерувајте со неа, 2 пати неделно е сосема доволно.

You must be logged in to post a comment Login