Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____совети и како да

Природни лекови за акни

Акните се едни од најтешките состојби на кожата кои оставаат трага на нашиот изглед и психа . Природата може да не опреми за борба против овие непријатни појави.

Благодарение на смирувачкото и лековитото дејство на природните состојки, лесно ќе ја исцистите кожата на лицето. Отокот и болното искуство кое доаѓа со акните може да биде елиминирано со помош на третмани кои ја негуваат кожата со најдобрите витамини и антиоксиданси.

Зелен чај и морков
Благодарејќи на антиоксидансите кои се наоѓаат во овие две состојки, акните ќе исчезнат после неколку третмани. Сварете еден морков. Изгмечите го и додадите неколку лажици зелен чај и добро промешајте. Нанесете го на лице и оставете 15 минути, потоа измијте се со млака вода.

Портокал и белка од јајце
Портокалот и белката од јајце имаат неверојатна моќ на чистење и ја смируваат кожата. Исцедите сок од портокал и помешајте го со белка од јајце. Со памук нанесите го на акните. Држете ја смесата на лице 15 минути.

Лист од јагода
Измијте го листот со ладна вода и ставете го на акните. Оставете го листот да делува најмалку 10 минути за смирувачките елементи од листот да имаат доволно време да дејствуваат позитивно. Овој трик за нега на кожата веднаш ќе го намали отокот и воспалението.

Масло од јојоба
Нанесите неколку капки јојоба масло на памук и тријте нежно на акната. Оставете да делува 15 минути, па измијте се со млака вода.

Масло од семки од шипка
Со цел да се постигнат резултати во што пократок рок, се што треба да направите е да ставите неколку капки од маслото ма памук и да ги исцистите акните. Вклучите го овој смирувачки ритуал во секојдневната нега на вашата кожа.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement