Без разлика дали ќе се одлучите за топла или ладна восочна депилација, депилација со шеќерна паста или други методи, пред третманот морате кожата да ја припремите.
Неколку дена пред да одите на депилација обавезно направете лесни пилинзи. Тие ќе го спречат растењето на влакната.
Покрај тоа, кожата мора да биде потполно чиста и добро хидрирана пред самата депилација за да самиот третман биде помалку болен.
На денот на депилација настојувајте да избегнувате креми, бидејки на тој начин оневозможувате восокот да се залепи за влакната.
За да може да биде успешна депилацијата, влакната треба да бидат долги најмалку пола сантиметар.

You must be logged in to post a comment Login