Секогаш кога станува збор за нега на кожата, немате потреба да “фрлате” пари на скапи препарати. Прво пробајте со природни состојки и со нешто што ќе го подготвите сами. Оваа ефикасна крема против брчки се подготвува според рецепт стар 2000 години.
Потребно:
1 лажица органски мед
8 лажици рендан пчелин восок
200мл бадемово масло
Подготовка:
На тивок оган стопете ги медот, восокот и бадемовото масло. Кога добро ќе се растопи, тргнете ја смесата од рингла и оставете ја да се олади, а потоа ставете го во стаклени тегли. Нив ќе ги затворите дури кога препаратот сосема ќе се излади. Оваа крема можете да ја користите за отстранување на шминка или како крема против брчки.

You must be logged in to post a comment Login