Борбата против целулитот во никој случај не е едноставна. Најдобро е да комбинирате вежби, креми, да пиете многу течности и се разбира, да обратите посебно внимание на исхраната.
За да ги намалите несаканите дупки во бутовите и задникот, на определено време појадокот заменете го со овој вкусен и хранлив антицелулитен напиток.
Потребни ви се: вода, шака спанаќ, половина банана, половина портокал, неколку парчиња ананас, малку цимет.
Сите состојки ставете ги во блендер и матете додека не добиете пијалок.
Зошто токму овие состојки?!
Спанаќот е одличен извор на железо и растителни влакна. Го забрзува варењето и помага при ослободување на штетните материи од организмот.
Портокалот е богат со вода, витамин Ц, влакна и антиоксиданти и добар е за сјај на кожата.
Ананасот има диуретички својства, помага во борба против задржување на течностите во телото и содржи антиоксиданси кои прават кожата да изгледа здраво и затегнато.
Бананата е полна со калиум и е добар извор на витамин Б6 и диетални влакна, витамин Ц, калиум и манган. Исто така, помага против задржување на течностите во телото.
Циметот ја стимулира циркулацијата, а сите знаеме дека целулитот најчесто настанува поради проблеми со циркулација.
Водата е исклучително важна во борба против целулитот, бидејќи ги елиминира штетните материи и акумулираните течности во организмот.

You must be logged in to post a comment Login