Поред сите здравствени бенефиции кои со себе ги носи, оризот може да ви послужи и како козметички производ. Пилингот од ориз има неколку предности за кожата на лицето – откиете на кои се начини можете да го направите.
Ориз +мед
Измелете натопен ориз додека смесата не стане хомогена, а потоа додадете неколку капки мед. Медот ја хидрира кожата и ја освежува одстранувајќи ги мртвите келии.
Оризово брашно+сода бикарбона
Овој пилин е наменет за лицата со мрсна кожа. На брашното додадете му прстофат сода бикарбона и неколку капки мед. Направете тесто и нанесете го на лице. Масирајте го лицето со кружни движења една минута, а потоа измијте го со ладна вода. Пилингот користете го два пати во неделата.
Ориз+домати
Ставете го оризот во вода и нека одстои 10-20 минути. Направете каша од домати и измелете го натопениот ориз во фино тесто. Доматот е природен beauty производ против акни и митесери, па овој пилин припремете го доколку сакате да се ослободите од бубуљици.
Ориз+шеќер
Шеќерот е производ кој ја подмладува кожата. Измешајте ги шеќерот и оризот и додадете јогурт. Смесата нанесете ја на лицето и вратот. Овој пилинг ја чисти и ја хидрира кожата.
Ориз+млеко+јаболков оцет
Во пченично брашно ставете две капки јаболков оцет и 4-5 капки млеко. Направете тесто и нанесете го на лицето и вратот. Масирајте го лицето околу две минути, а потоа оставете да се исуши. Измијте го лицето со ладна вода.

You must be logged in to post a comment Login