Класичната опуштена шминка е исклучително погодна за вечерните забави и несомнено оди на секоја дама. Често, таа изгледа како невозможна мисија за жените, кои сметаат дека им недостасува техника на шминкање.
Всушност, тоа не е воопшто сложена процедура и за ја направите за помалку од 5 муинути, ќе ви бидат потребни само црн молив за очи, четка за сенки и маскара за трепките. А видете и како да ја направите чекор по чекор.

1-2. нанесете молив како очна линија и постепено почнете да го здебелувате нагоре. Не се трудете линијата да биде совршена.

3-4-5. Со помош на четка за сенки почнете внимателно да го сенчате моливот, па да добиете резултат како на сликите погоре.

6-7. Направете го истото и со долниот очен капак. За уште повеќе драматичност може да додадете молив во водната линија на окото.

8-9. Нацртајте нова, овој пат тенка очна линија и завршете со црна маскара на трепките.


You must be logged in to post a comment Login